🎥 БУЛГАРИ НЕ Е ЛУКСУЗ, НИ ФЕРАРИ, ТУКУ НЕЛОРЕ Најскапата крава е продадена за 4,8 милиони долари

Виатина-19, крава Нелоре од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

893

Гинисовата книга на рекорди собира бројни и интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава, објави порталот Еј-Ар-Вај.

Виатина-19, крава од расата Нелоре, од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.






Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

– Признанието за нашата сакана Виатина-19, од страна на Гинисовата книга, не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина – истакна одгледувачот Агропекуарија Напемо.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако е продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка на грбот.

Поврзани содржини