БУГАРИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ГО УКИНАА ЦАРОТ На денешен ден паднала монархијата, а синот на Борис III бил осуден на смрт
Расчистиле ли Бугарите засекогаш со царот? Без разлика што Бугарите го отфрлиле во 1945 година, во 2001 година тие му даваат шанса да се врати во Бугарија од егзил, да влезе во политиката и Симеон, сега наречен Саксобурготски станува премиер во новата влада. Неговата партија, односно движење „Симеон Втори“ кое тој го основа е победник на парламентарните избори. Тој е премиер до август 2005 година, додека две години подоцна Бугарија влегува во Европската Унија.
Отфрлањето на монархијата во Бугарија се случило на навидум демократски начин. На денешен ден во 1946 година 92,72 отсто од Бугарите на референдум решиле да ја укинат царштината и била прогласена Народна Република Бугарија. Царот Борис III веќе бил починат две години претходно, па смртната казна важела за неговиот малолетен син Симеон и царската фамилија. Зошто беше успешен референдумот во Бугарија? Зошто немаше граѓанска војна како во Грција?
Историјата ова му го припишува на фактот што Црвената Армија ја окупирала земјата во само неколку денови. Toa значи дека народот бил поделен.
„Дека сме далеку од тоа да бидеме толку силни…голема улога за ова мора да се припише на присуството на Црвената армија во земјата. Во спротивно, ќе имавме граѓанска војна“, бележи новиот премиер на НР Бугарија, Георги Димитров во својот „Дневник“.
„Сега не може да се предизвика криза, но утре, кога ќе заминат војниците на СССР, тогаш противниците имаат намера да тргнат во офанзива“, пишува Добри Терпешев.
Всушност, референдумот бил распишан на 8 септември, за резултатите да пристигнат седмица потоа, на 15-ти. Два дена по 8 септември Бугарија морала да ѝ објави војна на нацистичка Германија. Имале ли Бугарите други избор освен да влезат во сојуз со СССР? Според бројките, на референдумот излегле над 4 милиони Бугари.
Во време на референдумот, во земјата веќе две години де факто немало цар. Со Бугарија владеел регент поради тоа што синот на Борис III бил малолетен. Интересен е фактот што цар Борис починал од инфаркт кратко по средбата со Хитлер во август 1943 година. Отворот најден во неговото тело е истиот најден кај грчкиот диктатор Јоанис Метаксас. Отровот делувал бавно, а биле потребни неколку недели за да предизвика смрт. Но, кај Борис тој предизвикал инфаркт. Обдукцијата на Борис ја вршеле двајца германски доктори, Сајиц и Ханс Епингер.
Расчистиле ли Бугарите засекогаш со царот? Без разлика што Бугарите го отфрлиле во 1945 година, во 2001 година тие му даваат шанса да се врати во Бугарија од егзил, да влезе во политиката и Симеон, сега наречен Саксобурготски станува премиер во новата влада. Неговата партија, односно движење „Симеон Втори“ кое тој го основа е победник на парламентарните избори. Тој е премиер до август 2005 година, додека две години подоцна Бугарија влегува во Европската Унија.
Симеон во 2001 година се вратил во Бугарија од Шпанија каде имал пребегано. Всушност, кога била објавена пресудата за смртна казнаво 1945 година, мајка му му Јоана, сопругата на Борис, заедно со Симеон и сестра му Марија Лузиза заминале во Египет кај дедото на Симеон, поранешниот италијански крал Виктор Емануел. Во 1951 година Симеон заминува за Шпанија каде се жени со благородничката Маргарита Гомес-Асебо и Сехуела. Тука и останува до враќањето во 2001 година.