БРУТАЛНО ИСКРЕНА КОЛУМНА НА БОЛНАТА ОД РАК ВЕДРАНА РУДАН „Никогаш немало љубов меѓу мене и моите деца“
„Бидејќи имам рак, ми требаат толку малку луѓе, најмалку оние кои ми се најблиски. Го сакам само мојот сопруг. Тој не се смени. Се каам што родив, мислев дека ќе родам вечна љубов“, пишува контроверзната хрватска писателка.
„Конечно ми се смачи од тоа што моите деца не се тоа што треба да бидат. Дали треба да биде поинаку? Не ми се јавуваат, а кога ми се јавуваат, слушам лажна загриженост и вистинска досада во нивните гласови.
‘Како си, мамо?’
‘Добро’, велам со глас што не е мој, па се поздравуваме.
Моите пријатели, моите здрави пријатели, страдаат затоа што нивните деца се неподносливи. Ладно, бесчувствително.
Жал ми е за моите пријатели, бидејќи не се слободни. За мене моите деца се странци, непознати луѓе кои ми одат на нерви исто колку и јас на нив“.
Ова го пишува контроверзната хрватска писателка Ведрана Рудан, која не крие дека боледува од рак и брутално искрено ги споделува со јавноста своите емоции. За своите деца, таа пишува:
„Кога беа мали, ја бараа мојата прегратка, ми го бојадисуваа лицето со плунка, ме насмеваа со кикотење. Нивните раце, нозете збрчкани како оние француски гуми, сето тоа ме доведуваше до емотивен оргазам. Денес знам дека моите деца тогаш беа мали животни кои мораа да бидат слатки за да преживеат. …Сакам да кажам, никогаш немало љубов меѓу моите деца и мене. Сето тоа беше чист интерес.“
„Бидејќи имам рак, ми требаат толку малку луѓе, најмалку оние кои ми се најблиски. Го сакам само мојот сопруг. Тој не се смени. Се каам што родив, мислев дека ќе родам вечна љубов. Во некои години никој од нас не е паметен. Биологијата нè заебава. Ми треба некој чии очи не се ледени, чии раце не се ладни, чиј глас не е полн со лажна тага…“
Прочитајте ја оваа несекојдневна колумна на Ведрана Рудан на овој ЛИНК