БРИТАНСКИТЕ ТРУДНИЦИ ОДАТ НА ЕХО ЕДИНСТВЕНО АКО ПОСТОИ МЕДИЦИНСКА ИНДИКАЦИЈА Гинеколозите се занимаваат само со вистинска патологија
Додека кај нас последнава деценија се измислија еден куп испитувања и ултразвучни прегледи за трудници, во Британија прегледите се релативно ретки, ултразвук не може да се направи без медицинска индикација, а здравите трудници немаат ниту свој гинеколог.
Хрватскиот професор Жарко Алфиревиќ веќе 25 години работи во Велика Британија како гинеколог и тврди дека ја открил најголемата разлика во здравствените системи на двете земји.
Во 1984 година дипломирал на Медицинскиот факултет во Загреб, а во 1989 година со стипендија на Британскиот совет заминал на обука во Ливерпул, каде што останал до денес.
Раководител е на Клиниката за гинекологија и педијатрија на Медицинскиот факултет во Ливерпул, а клиничката работа ја извршува во породилиштето во Ливерпул, едно од најголемите во Европа. Неодамна беше избран за претседател на Академскиот одбор на Кралското здружение на гинеколози на Велика Британија.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.