БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ СОЗДАВААТ ВАКЦИНА ПРОТИВ РАК Револуционерниот изум ќе може да ја спречи болеста 20 години пред почетокот

Научниците од Универзитетот Оксфорд и една фармацевтска компанија се обидуваат да ги идентификуваат промените во клетките кои започнуваат до 20 години пред да се развие ракот и се обидуваат да создадат револуционерна вакцина против рак.

310

Професорката на Универзитетот Оксфорд, Сара Благден, која беше пионер на една од првите вакцини против Ковид-19, раководи заеднички проект со фармацевтска компанија кој ќе ја проучува „биологијата пред ракот“.

– Ракот не доаѓа од никаде. Секогаш замислувате дека ќе бидат потребни околу една или две години за да се развие во вашето тело, но, всушност, сега знаеме дека на карциномите може да им се потребни до 20 години, понекогаш дури и повеќе, за да се развијат – како нормална клетка преминува во канцерогена – рекла таа во емисијата Today на BBC Radio 4.






Таа додава дека повеќето видови карциноми се невидливи кога поминуваат низ овие фази, а тоа е она што сега го нарекуваме предканцерозна фаза.

– Значи целта на вакцината не е да се вакцинира против веќе развиениот рак, туку да се вакцинира против тој предканцероген стадиум.

Универзитетот Оксфорд веќе има некои од водечките истражувачи кои идентификуваат протеини специфични за туморот кои би можеле да бидат мети на вакцините кои го спречуваат враќањето на болеста кај луѓето кои веќе имале рак.

Но, оваа најнова фаза на истражување ќе ги помести границите на медицинската наука понатаму и потенцијално ќе ги вакцинира луѓето против рак пред да го добијат.

– Ова партнерство претставува чекор напред во истражувањето на ракот. Нашата цел е да го отклучиме потенцијалот на вакцините за рак и да им донесеме надеж на пациентите ширум светот – рекла професорката на Универзитетот Оксфорд, Ајрин Трејси.

Секретарот за наука и технологија Питер Кајл рекла дека можеме да ги искористиме науката и иновациите за да го трансформираме она што е можно кога станува збор за дијагностицирање и лекување на оваа болест.

Вештачката интелигенција ќе се користи за поблиску да се анализираат новите „микроскопски“ слики на клетките за да се обидат да се бараат обрасци во раните промени до кои може да дојде. Ќе се искористат и неодамнешните откритија во генетското секвенционирање на една клетка.

– Пред околу три години составивме работна група научници во Оксфорд кои беа подготвени да го направат тоа. Имаме среќа затоа што има огромен број технички откритија што можеме да ги искористиме за да можеме всушност сега да започнеме да го откриваме „неоткриеното“. И од тоа, можевме да утврдиме какви карактеристики имаат тие клетки додека преминуваат во рак, за да можеме да дизајнираме вакцина посебно усмерена против тоа, рекла професорката Благден.

Поврзани содржини