БРИКС СЕ МАЈТАПАТ СО Г7 Вие сте 777 милиони, ама ние сме 3,2 милијарди (ФОТО)

Групата БРИКС, означена со акроним составена од првата буква од имињата на нејзините земји-членки, вклучува четири од десетте најголеми економии во светот и претставува повеќе од 40 отсто од населението на планетата и 30 отсто од нејзиниот БДП.

2,867

Земјите од економскиот сојуз БРИКС се далеку побројни по жители од земјите на Г7, покажува слика со која портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан вчера, во вторникот, се мајтапеше на Твитер, токму во очи на Г7 самитот на Баварските Алпи.

„Значи, следниот пат кога ќе зборуваат за „меѓународно општество“, да знаете на што мислат“, напиша Жао.

 






Сликата ги прикажува лидерите на земјите од Г7 до лидерите на земјите од БРИКС, а истакнато е дека населението на првите е 777 милиони, додека земјите од БРИКС имаат 3,2 милијарди луѓе.

Се смета дека само Кина и Индија, две земји од БРИКС имаат поголема економија од земјите од Г7 заедно. Тоа не значи дека граѓаните на Кина и Индија живеат со повисок стандард од седумте најбогати земји во светот.

Самитот на Г7 заврши викендов во Германија. Од Баварските алпи, лидерите на седумте најмоќни земји се упатија на југ, во Мадрид во Шпанија, каде се одржува самитот на НАТО. Се очекува на самитот да биде објавен нов документ на Алијансата кој ќе вклучува зголемување на бројот на активната војска и на воените капацитети.

А БРИКС? Само неколку дена пред самитот на Г7, рускиот претседател Владимир Путин , кинескиот претседател Си Џинпинг и лидерите на Бразил, Индија и Јужна Африка се сретнаа буквално на самитот на БРИКС. Групата, означена со акроним составена од првата буква од имињата на нејзините земји-членки, вклучува четири од десетте најголеми економии во светот и претставува повеќе од 40 отсто од населението на планетата и 30 отсто од нејзиниот БДП.

Блокот може да се прошири наскоро. Аргентина и Иран аплицираа за членство минатата недела, при што иранското Министерство за надворешни работи го опишува БРИКС како „многу креативен механизам со широки аспекти“, а аргентинскиот претседател Алберто Фернандез рече дека платформата може „да спроведе план за иднината што ќе доведе до подобро и поправедно време“.

За време на самитот на БРИКС минатата среда, Путин рече дека петчлената група работи на воспоставување на нова глобална резервна валута, своевиден пандан на доларот. Со новата валута земјите од БРИКС ќе можат и да вршат онлајн-плаќања преку СВИФТ системот, нешто што на Русија во моментов ѝ е забрането поради западните санкции.

Поврзани содржини