БРЕМЕНИ СТЕ И ВЕРУВАТЕ ДЕКА ТРЕБА САМО ДА ОДМАРАТЕ И ДА ЈАДЕТЕ ЗА ДВАЈЦА? Најчести митови во кои многумина сè уште веруваат

Не можете да забремените за време на менструацијата, трудниците не смеат да вежбаат, а положбата на стомакот го открива полот на бебето – сето тоа се приказни во кои лесно веруваме. Па, знаете ли што е вистина, што е полувистинито, а што е тотална глупост?

81

Веројатно нема тема која е толку полна со митови како бременоста. И покрај фактот дека информациите денес се на дофат на сите, сепак постојат различни приказни за бременоста. Некои од нив се земаат здраво за готово, а не се ни преиспитуваат.

Сигурно безброј пати сте слушнале дека не можете да забремените за време на менструацијата или дека трудницата треба да одмора и да јаде „за двајца“? Па, тоа не е баш така. Иако шансите за бременост за време на месечното крварење се помали, кај некои жени може да се случи нивната овулација да се поклопи со менструацијата, бидејќи треба да се запомни дека сперматозоидите преживуваат од три до пет дена. Покрај тоа, не секој циклус е редовен. Затоа понекогаш е тешко да се предвидат плодни денови. Од друга страна, ако бременоста е уредна, нема причина жената да се прејадува и исклучиво да мирува.






Прочитајте повеќе на  порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини