БОГОЉУБ ИМА 63 ГОДИНИ, ИЗГУБЕН Е И ИМА ДЕМЕНЦИЈА Семејството ги моли граѓаните да им помогнат во потрагата
Веќе петти ден, семејството на Богољуб Митов од скопската населба Ченто трага по него. Богољуб има 63 години и боледува од деменција
Скопјанецот Богољуб Митов кој исчезна од својот дом во населбата „Ченто“ на 27-ми октомври, сè уште не е најден.
Неговата ќерка Александра вели дека се сите веќе избезумени и не знаат каде да го бараат.
„Татко ми се вика Богољуб Митов. Има 63 години и боледува од деменција. Изгубен е веќе петти ден, поточно, од неделата, на 27-ми октомври околу пладне.
Кога исчезна, татко ми беше облечен во сив џемпер, тегет тренерки и црни гумени влечки. Не е насилна личност и е комуникативен.
Инаку, живееме во населба „Ченто“ и ве молам, ако некој го најде, нека го задржи и нека ми се јави на бројот 078/865-670“, ни рече Александра во телефонскиот разговор.
Таа вели дека целото семејство е избезумено од грижа за нејзиниот татко, а сите досегашни информации кои ги добиле од луѓе кои мислат дека го виделе, се погрешни.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.