БОГАТА Е НАИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА Кои беа Наумовски, Шијаковиќ, Трендафиловски …? (ФОТО)

Меѓу овие (самоуки) автори, кои во отсуство на формално ликовно образование се потпираат исклучиво на сопствените внатрешни импулси и ктреативни потенцијали, освен светски познатиот и меѓународно признат уметник Вангел Наумовски, застапени се Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски и Крсто Славковски (кои се припадници на основоположничката генерација) но и Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка, Трајко Матевски Рисимкин, Стеван Поповски, Ангел Петровски, Љупчо Серафимов, Васко Ристовски и други сликари, како и скулпторите Живко Каровски, Стоимир Веселинов, Петар Давчев, Бранко Кајсторовски, Владо Стојанов, Живко Богатинов, Атанас Атанасов и Станимир Стојаноивски-Мичо.

653

Наивата, или наивистчката уметност има долга традиција во македонското сликарство, а нејзината историја за првпат ќе биде презентирана на 29 декември, оваа среда, во Уметничката галерија во Куманово.

Во книга со обемен текст на шеесеттина страни и околу сто колор репродукции, уживателите на уметноста ќе дознаат како и зошто се појавила наивата во светот, но и состојбата и спецификите на наивистичката уметност кај нас. Еве само некои од познатите дела:






На овој начин, не само што, конечно и во наши услови, наивата добива институционална верификација, таа се легитимира не само како естетска туку и како национална културна и уметничка вредност.

Меѓу овие (самоуки) автори, кои во отсуство на формално ликовно образование се потпираат исклучиво на сопствените внатрешни импулси и ктреативни потенцијали, освен светски познатиот и меѓународно признат уметник Вангел Наумовски, застапени се Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски и Крсто Славковски (кои се припадници на основоположничката генерација) но и Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка, Трајко Матевски Рисимкин, Стеван Поповски, Ангел Петровски, Љупчо Серафимов, Васко Ристовски и други сликари, како и скулпторите Живко Каровски, Стоимир Веселинов, Петар Давчев, Бранко Кајсторовски, Владо Стојанов, Живко Богатинов, Атанас Атанасов и Станимир Стојаноивски-Мичо.

Куратор на проектот е Гоце Божурски.

Предвидено е на изложбата прво да се обрати Академик Васко Ташковски, а ќе говори и ќе ја отвори министерката за култура Ирена Стефоска.

Поврзани содржини