БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА БЕЗ БОИ Варете ги во вино, чај, зелка, куркума, цвекло,…
За боење со природни бои можете да користите разни видови намирници (овошје, зеленчук, зачини, вино), па дури и цвеќиња. За да ја добиете посакуваната природна боја, прво треба да ги обезбедите сите потребни намирници, понекогаш, тоа може да бидат и само лушпи од кромид, кои се и онака, кујнски отпад.
Воочи Велигден, еве некои стари и некои нови совети како правилно да ги сварите и да ги обоите велигденските јајца со природни бои … Варете ги во црвено (евтино) вино, во куркума, овошен сок, па дури и во компот.
Ако ја сакате виолетовата боја, тогаш варењето јајца во црвено вино е вистинскиот избор за вас.
Ако ги боите на овој природен начин, ќе добиете прекрасна виолетова боја и ситни светкави кристали кога јајцето ќе се исуши.
Вкусот воопшто не се менува, а ова е еден од најлесните начини да се обојат јајцата. Се разбира, за оваа техника не ви треба скапо вино, напротив, се препорачува да биде поевтино, бидејќи остава посилна боја.