БОЕЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА БЕЗ РИЗИК Користете само природни бои
За боење со природни бои можете да користите разни видови намирници (овошје, зеленчук, зачини, вино), па дури и цвеќиња. За да ја добиете посакуваната природна боја, прво треба да ги обезбедите сите потребни намирници, понекогаш, тоа може да бидат и само лушпи од кромид, кои се и онака, кујнски отпад.
По повод Велигден, еве некои стари и некои нови совети како правилно да ги сварите и да ги обоите со природни бои …Варени во црвено (евтино) вино, во куркума, овошен сок, па дури и во компот.
Ако ја сакате виолетовата боја, тогаш варењето на јајца во црвено вино е вистинскиот избор за вас.
Ако ги боите на овој природен начин, ќе добиете прекрасна виолетова боја и ситни светкави кристали кога јајцето ќе се исуши.
Вкусот воопшто не се менува, а ова е еден од најлесните начини да се обојат јајцата. Се разбира, за оваа техника не ви треба скапо вино, напротив, се препорачува да биде поевтино, бидејќи остава посилна боја.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.