БОДЛИКАВА КРУША СО СЛАТКО СРЦЕ Повеќе добри причини зошто опунцијата треба почесто да се најде на вашата чинија
Бодликавата круша или како што уште се нарекува, индиската смоква, е исклучително здрава. Богата е со витамини и минерали, помага против дијабетес и ги стимулира имунитетот и варењето. Покрај тоа, се препорачува и против мамурлак.
Бодликава круша, индиска смоква или опунција е јадлив плод од кактус со потекло од Мексико, кое може да се најде покрај хрватскиот брег, како и во различни топли предели од Медитеранот до Австралија.
Расте до 3 метри, а има жолти, бели и виолетово-црвени плодови.
Овој кактус дава околу 6 килограми овошје по грмушка.
Плодовите се богати со витамин Ц, помагаат за зајакнување на имунитетот и го стимулираат варењето, а може да се консумираат на различни начини.
Одгледување
Овој кактус се одгледува во потопли области, иако поднесува и пониски температури.
Потекнува од Мексико, а во 16 век се шири низ целиот свет.
„Во Хрватска присуство на бодликави круши, односно, индиски смокви е забележано во 1911 година на островот Ластово, а денес овој кактус расте низ целиот брег“, велат експертите од агрономскиот портал Плантеа.
Повеќе за здравствените придобивки на овие плодови, како и за начинот на кој се употребуваат, прочитајте на порталот „Арт кујна“.