БОЈКОТ НА АМЕРИКАНСКИ ПРОИЗВОДИ СТАНА МОДА МЕЃУ ДАНЦИТЕ Граѓаните со апликации го искажуваат револтот кон Трамп

Влијанието на ваквите бојкоти е ограничено. Само 1% од храната што се консумира во Данска доаѓа директно од САД, според проценките нa Данске Банк. Но, симболичното значење на апликациите е далеку посилно.

122

Мобилните апликации кои им овозможуваат на граѓаните да избегнуваат американски производи ги освоија данските продавници. Најпопуларната меѓу нив, УденУСА, стана број еден и моментално го надмина ЧатГПТ.

Апликацијата им овозможува на купувачите да дознаат каде е произведена стоката скенирајќи го баркодот.






Програмерите тврдат дека апликациите не повикуваат на бојкот, туку нудат транспарентност и „поголема свесност при купување“.

Економистите, пак, предупредуваат дека влијанието на ваквите бојкоти е ограничено. Само 1% од храната што се консумира во Данска доаѓа директно од САД, според проценките нa Данске Банк.

Но, симболичното значење на апликациите е далеку посилно.

 

– Луѓето се лутат кога гледаат нешто што го сметаат за навредливо. Овие апликации им даваат чувство дека можат да направат нешто, макар и симболично – објаснува Пеле Гулдборг Хансен, истражувач на Универзитетот во Роскилде.

Од почетокот на јануари, изјавите на Трамп за можно американско преземање на островот Греналд повторно ја разгневија јавноста. Илјадници Данци и жители на Гренланд излегоа на улиците да протестираат против „куповниот“ однос на Вашингтон кон Арктикот.

Поврзани содржини