БЛИЗНАЦИ РОДЕНИ ВО РАЗЛИЧЕН ДЕН И ГОДИНА На новогодишната ноќ жена родила близнаци со разлика од 15 минути

На новогодишната ноќ една жена во Калифорнија родила близнаци со разлика од 15 минути, па едното се родило пред полноќ, а другото на стартот од Новат година

473

Фатима Мадригал од Калифорнија родила близнаци со разлика од 15 минути. Првото бебе е родено на 31 декември 2021 година во 23:45 часот, а второто само 15 минути подоцна, на 1 јануари 2022 година.

Близнаците се родени во Медицинскиот центар Навидад во Калифорнија.






„Ајлин Јоланда Трухило е првото бебе родено во 2022 година во Салинас. Нејзиниот брат близнак Алфредо Антонио Трухило е роден 15 минути порано, во 23:45 часот на 31 декември. Тоа значи дека нивните родендени паѓаат во различни денови, месеци и години – шансите за ова се 1 на 2 милиони“, се вели на Твитер профилот на болницата.

Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини