БЛИСКА СРЕДБА ОД ТРЕТИОТ ВИД, МИТОВИТЕ ЗА ОВА СУШТЕСТВО СЕ МРАЧНИ Џиновска риба е пронајдена на Јадранот

Интересно е што средбите со овој вид риби се исклучително ретки. Оваа риба досега е забележана само трипати на Јадранот. Рибата со појас се храни со планктонски организми, помали риби и цефалоподи, најчесто пасивно додека лебди во исправена позиција. Поради таквиот живот, оваа риба не се забележува со нуркање, а и не постои рибарска опрема со која може да се фати лесно.

2,000

На Јадранското крајбрежје се пронајдени 4 примероци од рибата со појас (Regalecus glesne) која е најдолгата коскена риба, соопшти Хрватскиот институт за океанографија и рибарство.

Овој џин меѓу рибите може да достигне должина до 8 метра и најчесто се среќава кога испливува на крајбрежјето.






„Без оглед на големината, интересно е што средбите со овој вид риби се исклучително ретки. Оваа риба досега е забележана само трипати на Јадранот. Рибата со појас се храни со планктонски организми, помали риби и  со цефалоподи, најчесто пасивно додека лебди во исправена позиција. Поради таквиот живот, оваа риба не се забележува со нуркање, а и не постои рибарска опрема со која може да се фати лесно”, наведува Институтот.

Според јапонските народни верувања, ваквите риби најавуваат природни катастрофи кога излегуваат од длабочините.

Поврзани содржини