БИЗАРНИ СЕКС-ЗАБАВИ ЗАВРШУВААТ СО СМРТ ВО ДУБАИ Бизнисмените плаќаат за девојки што јадат измет

На социјалната мрежа Тик-Ток кружи хаштагот #DubaiPortaPotty, кој се однесува на женски инфлуенсерки платени за екстремни сексуални барања. Но, Би-Би-Си пишува дека зад луксузната фасада стои насилство, понижување и дури смрт. На девојките им е барано да јадат измет. Во два случаи девојки загинале по пад од високи згради

2,033

Девојки од Уганда биле измамени со лажни ветувања за работа во супермаркети и во хотели во Дубаи, но веднаш по слетувањето им било соопштено дека имаат долг од 2.711 долари и дека мора да заработуваат преку проституција, пишува Би-Би-Си.

Истражувањето открива дека зад оваа мрежа стои Чарлс Мвесигва, поранешен возач на автобус од Лондон, кој на новинар од Би-Би-Си, преправен како клиент, му понудил девојки кои чинат по 1.000 долари.






– Имам 25 девојки со отворени умови, ако си спремен да платиш повеќе – му рекол организаторот на новинарот.

На социјалната мрежа Тик-Ток кружи хаштагот #DubaiPortaPotty, кој се однесува на женски инфлуенсерки платени за екстремни сексуални барања. Но, Би-Би-Си пишува дека зад луксузната фасада стои насилство, понижување и дури смрт.

– Тој (организаторот) врши голема нужда и им наредува да го јадат изметот – раскажа Миа, една од жртвите.

 

На друга девојка, Лекси, ѝ нуделе 4.000 долари за групно силување и уринирање по лицето и бонус ако ја снимат како јаде измет.

– Ако одбиев, тоа уште повеќе ги возбудуваше. Сакаат некоја што ќе плаче, ќе вреска и ќе се обиде да побегне. Во нивни очи, таа мора да биде црнкиња – нагласи Лекси.

Две девојки поврзани со мрежата починале по пад од високи згради во Дубаи. Полицијата ги прогласила случаите за самоубиства, но семејствата тврдат дека нема ни формална истрага.

Едната девојка паднала неколку дена откако го напуштила станот на Мвесигва и добила друга работа. Нејзиното тело не било вратено дома, туку веројатно закопано на непозната локација.

„Жените се злоупотребувани, измамени и психолошки скршени“, пишува Би-Би-Си во своето истражување.

Мрежата организира сексуални забави за елитни клиенти, а полицијата во Дубаи речиси и да не реагира на пријавите.

– Дури и да добијам на лотарија, пак ќе го правам ова. Стана дел од мене – изјавил организаторот Мвесигва, отфрлајќи ги сите обвинувања.

Тој тврди дека само „помага девојките да најдат сместување“ и дека ги води на забави поради „контакти со богати луѓе“.

Поврзани содржини