БИТЛСИ И ЈУГОСЛАВИЈА Зошто најголемиот бенд ја спомнува Југославија во архивските снимки?
Иако Битлси никогаш не ја посетиле Југославија тоа не значи дека не ја споменувале.
„The Beatles – Get Back“ е новото ремек дело на Питер Џексон, продуцентот на „Господар на прстените“. Иако филмот по себе не е нов, туку е дел од документарниот филм „Let it be“ од 1970 година, Џексон имаше можност да прегледа стотици часови материјали и да состави сосема нова и поинаква приказна за најголемиот бенд на сите времиња.
Филмот прикажан на Дизни Плус каналот со месеци и најважниот поп настан, а во него покрај креативниот процес и пријателството на Битлси често може да се виде и тензијата која владеела меѓу нив.
Интересно е што во првиот дел на филмот два пати се споменува Југославија. Прв пат тоа го прави Ринго Стар кој во бендот бил нарекуван и Русија. Тој вели дека се преселил во Југославија и дека повеќе не го викаат Русија.
Југославија се споменува и како едно од местата на кои би свиреле Битлси, но само за кратко и потоа нема сериозен план или дискусија за истото.
Битлси никогаш не стигнаа во Југославија
„Битлси со турнеи престанаа во 1966 година, годината која е сменет Александар Ранковиќ по што доаѓа извесна либерализација на Југославија. Странски бендови почнуваат срамежливо да доаѓаат. Битлси после 1966 година одржаа само еден концерт. Сепак во 1976 година Пол МекКартни со својот бенд Вингс настапи во Загреб. Искуство што сме го имале само еднаш“ вели Драган Амброзиќ, музички критичар.
Документарецот на Џексон се смета за еден од најважните музички документарци во минативе децении и нуди увид во интимата на бендот кој засекогаш го промени светот.