БИТКОИНОТ ЌЕ БИДЕ ЗАМЕНЕТ ОД НФТ-ТОКЕНИТЕ Еве сè што треба да знаете за овие сликички (ВИДЕО)

Милиони луѓе ја виделе уметноста на Бипл која е продадена за 69 милиони долари, а сликата е копирана и споделена безброј пати. Во многу случаи, уметникот дури ја задржува авторската сопственост на своето дело, за да може да продолжи да произведува и продава копии. Но, купувачот на НФТ поседува „токен“ што докажува дека тој го поседува „оригиналното“ дело. Некои луѓе го споредуваат ова со купување отпечаток со автограм.

627

Таман кога мислевме дека биткоинот ќе завладее со светот, нова дигитална треска ќе го заземе неговото место. А, што би можело да биде повредно од криптовалута која е осигурана со непробоен блокчејн алогритам? Незаменлив НФТ-токен – дигитална сликичка, која е толку специфична, што претставува пандан на уметничко ремек-дело, пишува Би-Би-Си.

Единствениот проблем е што за да ги купите на берзата, НФТ-токените се продаваат со цени од вртоглави 500.000 долари па сè до неколку милиони. Ова го поставува прашањето дали НФТ-сликичките ја девалвираат Мона Лиза, која навистина вреди за парите? Едно е сигурно, НФТ-токените не се парично средство, туку мода која еден ден ќе сопре, исто како треската по лалиња во Холандија во 17 век.






Она што е биткоинот за парите, тоа е НФТ за колекционерите.

Како функционираат НФТ?

Традиционалните уметнички дела како што се сликите се вредни токму поради тоа што се единствени. Но, дигиталните датотеки може лесно и бескрајно да се дуплираат.

Со НФТ, уметничките дела може да се „токенизираат“ за да се создаде дигитален сертификат за сопственост што може да се купува и продава. Еден уметник може стотици пати да продаде ист НФТ-токен.

Што ги спречува луѓето сами, беспари да си направат копија од НФТ-сликичка?

Ништо. Милиони луѓе ја виделе уметноста на Бипл која е продадена за 69 милиони долари, а сликата е копирана и споделена безброј пати. Во многу случаи, уметникот дури ја задржува авторската сопственост на своето дело, за да може да продолжи да произведува и продава копии.

Но, купувачот на НФТ поседува „токен“ што докажува дека тој го поседува „оригиналното“ дело. Некои луѓе го споредуваат ова со купување отпечаток со автограм.

Дали картичките за тргување само за дигитално ќе ги заменат физичките?

Кај криптовалутите, евиденцијата за тоа кој поседува што е зачувано во заедничка книга се вика блокчејн. Таа не може да се фалсификува бидејќи „книгата“ ја водат илјадници компјутери ширум светот.

За разлика од нив, НФТ можат да содржат и паметни договори кои ќе му дадат на уметникот, на пример, намалување на секоја идна продажба на токенот.

 

Колку вредат НФТ-сликичките?

Теоретски, секој уметник, или човек, може да ја токенизира својата работа да се продава како НФТ, но интересот е поттикнат од неодамнешните наслови за продажба од повеќе милиони долари.

На 19 февруари, анимиран Gif на Nyan Cat, меме од 2011 година на летечка поп-тарт мачка беше продаден за повеќе од 500.000 долари.

Неколку недели подоцна, музичарката Грајмс, поранешната девојка на познатиот Илон Маск, продаде дел од нејзината дигитална уметност за повеќе од 6 милиони долари. Но, не се токенизира и продава само уметност. Основачот на Твитер, Џек Дорси, промовираше НФТ-токен од првиот твит кој бил постиран во историјата со првична цена од 2,5 милиони долари.

Продажбата на Кристи на НФТ од дигиталниот уметник Бипл за 69 милиони постави нов рекорд во дигиталната уметност. Француската фирма „Sorare“, која продава картички за тргување фудбал во форма на НФТ-токени, „собрала“ 680 милиони долари.

Но, како и кај криптовалутите и кај НФТ-токените постои загриженост дека лошо ќе влијаат врз животната средина поради огромната количина струја што се користи за да се одржи блокчејнот, односно, за да работат процесорите и графичките картички.

Дали НФТ е уште еден балон што ќе пукне како биткоинот?

Еден ден пред неговата рекордна аукција, уметникот Бипл, чие вистинско име е Мајк Винкелман, изјави за Би-Би-Си: „Всушност мислам дека ќе има балон, да бидам сосема искрен“.

– И мислам дека би можеле да бидеме во тој балон во моментов – додава тој.

Многумина сè уште поскептични од него. Дејвид Џерард, автор на книгата „Блокчејнот нè напаѓа во 50 чекори“, рече дека ги гледа НФТ-ите како купување на „официјални средства за собирање“, слично на тргување со картички.

– Има некои уметници кои апсолутно се залагаат за овие работи … само што веројатно нема да го сторат тоа – предупреди тој.

Луѓето кои всушност ги продаваат НФТ се „крипто-крифтери“, објаснува тој.

Има различни мислења во светот за НФТ-токените. На пример, поранешниот аукционер на Кристи, Чарлс Алсоп, рече дека концептот за купување НФТ нема „нема смисла“.

– Идејата да се купи нешто што не постои е едноставно чудна – изјави тој за Би-Би-Си.

Поврзани содржини