БИЛ ГЕЈТС И ДРУГАРИТЕ ТАНЦУВААТ НА ПРОМОЦИЈА Како роботи се, со лоша вештачка интелигенција (ВИДЕО)
Танцуваат како роботи со лоша вештачка интелигенција, се подбива некој твитерџија во коментарите.
Урнебесно видео во кое Бил Гејтс со своите најблиски колеги танцува на „Start me up“ од Ролинг Стоунс се прошири на Твитер. Тие танцуваат на промоцијата на Виндоус 95, оперативниот систем кој сите го користевме во далечната 1995 година. Тие се среќни, но Гејтс е доста срамежлив во танцот.
Windows 95 launch in 1995 pic.twitter.com/YXCKyI4T23
— Historic Vids (@historyinmemes) August 25, 2022
„Тоа се момците кои знаат дека богатите ќе станат мегабогати“, вели еден твитерџија.
„Изненаден сум што со сите тие пари не можеа да го отстранат постоењето на оваа трагедија“, напишал друг.
„Танцуваат како роботи со лоша вештачка интелигенција“, се подбива трет.