БЕВ БОЛЕН ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И УШТЕ КАШЛАМ…Што ја предизвикува долготрајната кашлица?

Познатиот американски отоларинголог појаснува кога долготрајната кашлица е последица на инфекција и може да помине сама по себе без терапија, а кога станува збор за посериозна состојба која мора да се лекува.

891

„Кашлам повеќе од еден месец и не ми поминува…“, колку пати сте ја слушнале таа реченица во последно време? Многумина страдаат од постојана кашлица дури и неколку недели откако ќе закрепнат од настинка и откако ќе поминат другите симптоми. Работите да бидат уште полоши, таа кашлица може да трае помеѓу три и осум недели.

Зошто кашлицата продолжува по инфекција?






Познатиот американски отоларинголог, докторот Омид Мехдизадех, вели дека упорната кашлица може да се појави откако ќе имате инфекција на респираторниот тракт предизвикана од вирус, како што е обична настинката.

– Кашлицата обично е резултат на зголемено воспаление на респираторниот систем, вклучувајќи го носот, грлото, белите дробови – објасни Мехдизадех.

Ова воспаление може да предизвика зголемена бронхијална чувствителност и зголемено производство на слуз, додека истовремено го намалува чистењето на слузот.

Што да направите ако имате постојана кашлица?

Лекарите тврдат дека за ваква кашлица нема потреба од антибиотици. Истражувањата покажуваат дека оваа кашлица едноставно поминува со текот на времето без лекови, пишува HealthLine.

Како да знаете дали се работи за кашлица или некоја друга болест?
Доктор Мехдизадех вели дека еден начин да се разликува кашлицата од нешто посериозно е ако кашлицата е сува.

– Од друга страна, треба да се следи продуктивната кашлица придружена со отежнато дишење или болка во градите. Други симптоми кои укажуваат дека треба да посетите лекар се отежнато голтање, болка, треска, отежнато дишење и гласно дишење – советува д-р Мехдизадех.

Експертите забележуваат дека ваквите симптоми бараат снимање на белите дробови, пренесува Н1.

Кашлицата која трае подолго од осум недели е исто така потенцијален показател за проблем бидејќи се претвора во хронична кашлица.

Поврзани содржини