БЕСПЛАТНО ДОТЕРУВАЊЕ НА МУСТАЌИ И БРАДИ „Бербер шоу“ за одбележување на месецот на машкото здравје

Во организација на Фризерската секција од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот.

88

Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу
другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите.
Токму по овој повод, во организација на Фризерската секција од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември од 12 до 17 часот, традиционално ќе се одржи таканареченото „Бербер шоу“.

„Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“, велат организаторите.






Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини