БЕСПЛАТНИ ЧАШКИ ИЛИ ВЛОШКИ ЗА СИТЕ Се бара чаре за намалување на женските трошоци за менструални производи

Во земјава, 29,5 отсто од жените не можат да си дозволат никаков пристап до менструални производи за управување со менструалното здравје, па наместо стандардните производи користат весници, хартија или самонаправени влошки од текстил и 75,6 отсто од нив изјавиле дека причината за тоа е високата цена на производите, велат податоците од Трошковната анализа на менструални производи, која беше презентирана од страна на Новинари за човекови права.

125

Субвенционирање на цената на производите за менструално здравје и намалување од 18 на 5 отсто или укинување на ДДВ-то на менструалните производи, обезбедување на бесплатни пакети со менструални производи за ученичките вклучени во образовниот процес, компаниите во тоалетите покрај тоалетната хартија, во женските кабини да имаат и менструални производи кои ќе бидат оставени бесплатно на располагање на жените; во моловите во женските тоалети да има бесплатен пристап до менструални производи; во хотелските соби да има бесплатен пристап до менструалните производи и менструално отсуство, се дел од барањата кои денеска на прес-конференција ги упатија од Новинари за човекови права во рамки на неделата за управување со менструалното здравје, што се одржува од 28 мај до 3 јуни.

Барањето за намалување на цената на менструалните производи преку намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто, претставниците од Новинари за човекови права и од Платформата за родова еднаквост денеска го доставија до Министерството за финансии.






Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини