БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК Понудете, помогнете, донирајте, израдувајте

Хуманитарката Маргарета Куртиќ и здружението „Куќа на среќата“ и годинава организираат бесплатни одмори за семејства во социјален ризик, семејства со деца со посебни потреби, еднородителски семејства и семејства кои никогаш не биле на одмор и никогаш ја немале можноста да му се радуваат на летото.

49

И оваа година, по деветти пат хуманитарката Маргарета Куртиќ и здружението „Куќа на среќата“ организираат бесплатни одмори за семејства во социјален ризик, семејства со деца со посебни потреби, еднородителски семејства и семејства кои никогаш не биле на одмор и никогаш ја немале можноста да му се радуваат на летото.

„Полека но сигурно течат подготовките за семејствата кои сакаме да ги пратиме на одмор и обезбедување на сместување и сите потребни трошоци кои постојат за да може едно семејство да го пратиме на одмор без да има дополнителни трошоци“, велат организаторите.






Целта е да се испратат семејствата на еднонеделен одмор и тоа да биде за време на сезона иако се свесни дека во шпицот на туристичката сезона е потешко да се добие бесплатен термин.

Секако, велат, прифатливи се и термините надвор од сезона бидејќи има семејства и лица кои поради разни причини само во тој период можат да појдат на одмор и токму тој период најмногу им одговара.

„Се што можете да понудите слободно пратете ни и пријавете ни се зошто секако ќе биде радост за едно семејство“, велат тие.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини