БЕСЦЕНЕТО ДРУГАРСТВО, ОД ГРАДСКИ ЅИД И „ЛЕНИН“ ПА ДО КРАЈ НА СВЕТОТ Деко плива во светот на џет-сетот, Боза го носи светот тука
Дејан Стојиљковски (Деко) живее во Франција, работи со богати и славни како Анџелина Џоли и Бред Пит, а Димитар Бозаџиев (Боза) живее во Скопје и увезува странски вина и деликатеси како фоа гра и врвно Иберико месо. Другари се речиси половина век. Како деца спарувале храна и јогурт, сега спаруваат храна со најдобрите вина
Димитар Бозаџиев и Дејан Стојиљковски се другари од забавиште. Двајцата пораснале во Градски ѕид, учеле заедно најпрвин во „Ленин“, а потоа и во „Орце Николов“. Во војска не биле заедно ама одржувале контакт, а потоа, Димитар се запишал на студии во Скопје, а Дејан во Германија.
Никогаш не го прекинале контактот, напротив, иако Дејан живеел прво во Германија, а потоа во Франција, каде што е и ден денес, а Димитар во Скопје, велат дека имале поинтензивен контакт отколку што имаат меѓусебе оние што останале тука.
Заедно ја запалиле првата цигара, заедно учеле, а си правеле и јадење, јајца во разни варијанти, едниот со вегета, другиот без и секогаш уживале во храната, иако во тоа време наместо со вино, ја спарувале со јогурт.
Во 1988 година Дејан отишол во Германија на студии. Неговиот татко бил дипломат и во тоа време бил конзул во Дизелдорф. Имале семеен договор, едниот син да студира дома, односно, во тогашна СФРЈ, а другиот во странство, но потоа да се врати и тој дома. Во меѓувреме се случи распадот на Југославија, па Дејан сепак не се вратил туку останал во Германија кадешто се запознал со неговата сега веќе поранешна сопруга со која решиле да се преселат во Франција. Формирале семејство и добиле две сега веќе возрасни деца…
Целиот текст прочитајте го ТУКА.