БЕГСТВО ОД УКРАИНА Пар од САД едвај избегал од земјата со бебе старо неколку дена
Во 2019.година американскиот пар бил во брак речиси една деценија, а ќерката им ја родила сурогат мајка во Украина. Кога решиле да имаат уште едно дете, повторно нашле жена во Украина. Ова е нивното патешествие за излез од земјата откако во четвртокот наутро ги разбудила експлозија.
Неколку минути откако Џеси Бокман и нејзиното четири дена старо дете се упатиле кон украинско-полската граница, на температура од -1 степен, таа се запрашала дали ја донела вистинската одлука.
39-годишната Американка од Коста Меса ја држела својата ќерка Вивијан во носилка, под јакната, за да ја заштити од силниот ветер. Таа се загрижила дека тоа нема да биде доволно и дека бебето ќе замрзне. Нејзиниот сопруг Џејкоб Бокман ги носел нивните два куфери.
На секои 10 до 20 минути, тие проверувале дали Вивијан е топла и дали дише. Неколку постари жени кои исто така бегале на запад, одмавнувале со главите и ги гледале со неодобрување, пишува ЛА Тајмс.
„Што му направив на ова дете? Ова би можело да биде најлошата одлука што сум ја донела“, помислила 39-годишната Џеси, инаку, офталмолог по професија.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.