„БАТАЛИ 2024, ВОЈНАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ВО 2025 ГОДИНА“ Њузвик пишува дека „дури и Путин да умре…“
Но, дури и ако Путин умре, мислам дека има само мали шанси Русија да се повлече од војната, бидејќи земјата веќе вложи многу од својот национален имиџ во победата, вели професорката Бет Кнобел за Њузвик. Други експерти за весникот се согласни дека Путин нема да отстапи барем до ноември 2024 година чекајќи го исходот од претседателските избори во САД.
Дали изборите во Русија на 15 март ќе сменат нешто во војната во Украина и дали војната ќе заврши догодина? На две години од почетокот и двете страни изгледаат изморени со висок број на жртви, загуби во опремата и економска штета, пишува „Њузвик“. Анализата на весникот го вели следното – војната веројатно ќе продолжи и во следната 2025 година.
Дури и Путин да умре…
– Единствениот начин на кој можам да предвидам дека војната во Украина ќе заврши во 2024 година е ако Владимир Путин умре – изјавила за „Њузвик“ Бет Кнобел, професор по комуникации и медиумски студии на Универзитетот Фордам и поранешен шеф на Си-Би-Ес Њуз Москва.
Експертката додава:
– Теоретски е можно Русија да ја искористи промената на раководството за да се обиде да прогласи победа и само да се задржи на територијата што ја грабна (од Украиан) од февруари 2022 година. Но, дури и ако Путин умре, мислам дека има само мали шанси Русија да се повлече од војната, бидејќи земјата веќе вложи многу од својот национален имиџ во победата.
Путин ќе чека најмалку до крајот на 2024 година
Широко очекуваната украинска контраофанзива која започна во јуни, со цел повторно заземање на територијата окупирана од Русија, не го постигна напредокот што го посакуваа сојузниците на Киев.
Оценката на врховниот командант на Украина Валериј Залужни дека борбите влегле во „ќорсокак“ беше отфрлен од Зеленски поради гласините за разделба меѓу најистакнатите фигури во земјата и извештаите за реконструкција на врвните луѓе во Новата година.
– Сепак, тоа не значи дека најверојатно ќе имПитер Рутланд, професор по руски, источноевропски и евроазиски студии на Универзитетот Веслејан, во Мидлтаун, Конектиката сериозни мировни преговори и можен крај на војната во 2024 година.
Експертот додава:
– Целите на Русија не се ограничени на задржување на окупираните територии – тие сакаат да видат усогласен политички режим инсталиран во Киев, и тие сè уште веруваат дека тоа е можно. Во најмала рака, Путин ќе почека до изборите во ноември 2024 година, за да види дали Доналд Трамп ќе се врати.

Бајден ќе најде начин да пушти пари за Украина
Трамп е фавори на Москва во трката. Трамп исто така го опиша Путин како „многу паметен“ по почетокот на војната и ги отфрли проценките на американските разузнавачки служби дека Путин се мешал во негово име на изборите во 2016 година.
– САД ќе се повлечат од Украина под администрација на Трамп, просто и едноставно. Но, мислам дека Џо Бајден ќе се справи со ова релативно добро. Сегашната борба во Конгресот околу странската помош, мислам дека ќе се реши, но можеби не брзо. Ова е повеќе за домашната политика и изборните притисоци – рече Крис Долан, професор по политички науки на колеџот Либанон Вали.
Аналитичарите се согласуваат и дека војната во Израел ги комплицира работите за Украина. Наместо 61 милијарда долари што ги бараше украинскиот претседател Зеленски, тој доби обновено ветување од претседателот Џо Бајден и 200 милиони долари воена помош за пресретнувачи за воздушна одбрана, артилерија и муниција.
Двете страни се слаби, затоа војната ќе продолжи во 2025 година?
Но, Исил Акбулут Гок, вонреден професор на Катедрата за влада на Универзитетот Сакрад Харт, Ферфилд, Конектикат смета дека голем проблем е и тоа што двете страни во моментот не можат да направат голем пробив на фронтот.
– Верувам дека војната може да се прошири до 2025 година и меѓународната поддршка за двете страни би ја продолжила војната бидејќи ниту Украина ниту Русија не можат да постигнат големи пробиви и да прогласат победа – изјави експертот.
Бајден ќе прати помош напролет како дел од предизборната кампања
Мерт Картал, вонреден професор на владата на Универзитетот Сент Лоренс, кантон, Њујорк, верува дека Бајден би можел да се обиде да ја зајакне воената поддршка за Украина во пролетта 2024 година, искористувајќи ја украинската победа како дел од неговата претседателска кампања.
– Во најмала рака, тој ќе ги преземе неопходните чекори за да го спречи поразот на Украина пред првата недела од ноември 2024 година. Сепак, убедувајќи ги членовите на Републиканската партија, сé повеќе се сомневаат во веројатноста на поразот на Путин, сметајќи дека тоа ќе претставува значаен предизвик –
Но, додека пратениците на републиканците се борат за имиграциските реформи, особено на јужната граница на САД, пред финансиската поддршка за Украина, „не би било неразумно да се очекува Бајден, во најмала рака, да се обиде да го продолжи конфликтот до 2025 година“.
Путин е спремен да го жртвува својот народ и третина од буџетот
Путин неодамна за телевизиската емисија Direct Line изјави дека 617.000 војници се на боиштата во Украина и дека целите на „специјалната воена операција“ остануваат непроменети – имено „денацификацијата на Украина, нејзината демилитаризација, нејзиниот неутрален статус“.
О друга страна, извештајот на американското разузнавање откри дека Русија изгубила 87 отсто од своите сили пред окупацијата, односно 315.000 војници.
„Тоа што е најавена нова мобилизација по изборите ја покажува подготвеноста на Путин да го жртвува сопствениот народ“, се вели во статијта на „Њузвик“ и се додава дека трошоците за војската кои ги одобрил Путин во декемрви за 2024 година ќе заземат 30 отсто од вкупниот буџет на земјата.