БАЛКАНЦИТЕ ЈА ИЗБРАА РОЗОВАТА БАРБИКА ПРЕД ОПЕНХАЈМЕР Дали мажите во розовиот филм се прикажани на лош начин?
Додека филмот за Роберт Опенхајмер веќе ги подгреа контроверзите бидејќи содржи многу секс-сцени, филмот за „Барби“ повлече едно друго прашање: дали розовиот Кен, партнерот на Барби е премногу немажествено прикажан? Зошто се така прикажани мажите во светот на барбиката?
„Јас сум Барби, уништувач на светови“, гласи една шега на интернет по повод ривалството меѓу филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“ кои изглегоа на ист ден во Холивуд. А Балканот, па и поголемиот дел од Европа, според податоците на Гугл-аналитикс кликнале повеќе пати за „Барби“ отколку за филмот за озлогласениот американски физичар кој го сметаат за „таткото на атомската бомба“.
Сепак, анализата е за денот 24 јули, што значи статистиката се менува. Но, што ги тера луѓето повеќе да се интересираат за розовиот и фантастичен свет на куклата „Барби“? Додека филмот за Роберт Опенхајмер веќе ги подгреа контроверзите бидејќи содржи многу секс-сцени, филмот за „Барби“ повлече едно друго прашање: дали розовиот Кен, партнерот на Барби е премногу немажествено прикажан? Критиките на фановите беа насочени токму кон ова нешто. Дејли Мејл во врска со ова напиша:

„Барби е длабоко антимашки филм, продолжување на сиот тој феминизам на ТикТок кој ја прикажува секоја форма на мажественост, освен најанодината, како токсична и предаторска. […] Секој машки лик е или идиот, фанатик или тажен, прилично патетичен губитник“.
Во светот на Барби сѐ е совршено додека еден ден сè не тргне наопаку. Збунетата Барби ѝ се обраќа на Чудната Барбика за помош и таа објаснува дека сите кукли се психички и физички поврзани со нивните сопственици.
Така Барби оди во Лос Анџелес со Кен, каде што и двајцата ги учат радостите и ужасите на патријархатот. Тој се вљубува во машката култура и планира да ја запознае со другите Кенoвци, додека Барби слуша објективизирачки комплименти и се среќава со целосно машкиот менаџерски тим на Мател.
Во критиките на странските магазини се вели дека и во претераниот и намерно пренагласен свет на Барби, речиси секој маж е потенцијален насилник и узурпатор и затоа единствениот среќен пат за куклата која ги сфатила ужасите на патријархатот е да промовира феминистички идеи.