БАДНИКОВА ВЕЧЕРА, ПОСНА ТРПЕЗА, РИБА, ВИНО?! Денес е последен ден од големиот пост, не треба ништо, евентуално, грав на вода и толку!
Бадник! Сѐ е исто како „лани“, слики од трпези, демек посни, огнови, теревенки, загадување на воздух, па од утре, Божиќни ручеци, месишта, колачи, па мудрување по социјалните мрежи кој го прави тоа правилно, а кој не – тоа па тоа. Но, залудно е да им објаснувате на оние ‘најтврдокорните православци и верници’ дека едно е народен фолклор, друго црковна традиција, а трето тоа што низ годините наназад некои се обидуваат да направат симбиоза од паганизмот и христијанството. Патем, ќе правите лепче со паричка вечер или за Стара Нова?
Ете дојдоа и овие последни големи празници за зимава, Бадник и Божиќ! Незнам дали е за радување (затоа што, нели, секогаш може да биде и полошо) или за тагување, ама сѐ е исто како и секоја година.
Иста сценографија, слики од трпези, демек посни, огнови, теревенки, загадување на воздух, па утре Божиќни ручеци, печено месо, руска салата, кифли, преку леб-погача, па мудрување по социјалните мрежи кој го прави тоа правилно, а кој погрешно, па кој поубава фотка направил од сето ова, па сите нешто се залагаат за семејни вредности, за традиција и за вера. А не е дека и нашите текстови на темава се различни од оние „ланските“. Напротив, годинава само си го преземаме ланскиот затоа што и ставовите ни се исти како ланските.
Повеќето луѓе едноставно немаат поим што значат овие празници!
Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.