БАБА ЌЕ ТИ КУПИ БИТКОИН ВНУЧКО! Нови адети за старите обичаи
Наместо со златник или банковна сметка, денешните баби и дедовци сè повеќе почнуваат да ги даруваат внуците со криптовалути
Од ритуалните и пагански обичаи поврзани со народните верувања за наречниците кои доаѓаат третиот ден по раѓањето на бебето за да му ja одредат судбината, низ вековите се стасало до денешните дарувања на бебето по раѓањето, секако, откако ќе поминат 40 дена.
За да се заштитат мајката и новороденчето од влијанието на злите сили, во минатото им се дарувале разни заштитни амајлии со магична содржина, а лукот и црвениот конец се сметале за најдобро средство за заштита. И денес во некои помали средини е задржан обичајот да му се врзува црвен конец на мало бебе или да му се стави мала црвена бројаница на рачето, против уроци и магии.
Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.