📸 БАЈКОВИДЕН ПОГЛЕД ОД ШТИПСКИОТ ИСАР Македонски научник објавува волшебни фотографии
Ново Село, видено од Исарот, напиша професорот Арсов.
Светски познатиот генетичар Тодор Арсов кој предава на универзитетот Гоце Делчев во Штип објавува бајковидни и несекојдневни фотографии од Македонија на социјалните мрежи. На последната објава можат да позавидат и врвни фотографии.
„Ново Село, видено од Исарот”, напиша професорот Арсов.
Арсов на пошироката македонска јавност ѝ стана познат по научниот метод кој од затвор спаси Австралијанка која беше осудена за убиство на своите 4 деца. Професорот и негови соработници со помош на специјална метода утврдија дека децата починале од генетски феномен по што мајката по долги години в затвор беше ослободена.