БАЈДЕН МУ ЈА МАТИ ВОДАТА НА МАСК Нови правила за Твитер и истрага за милијардерот?
На пример, доколку на поранешниот претседател Доналд Трамп не му биде забранет пристапот на Твитер и тој сега објави порака во која се тврди дека имало измама на гласачите на претседателските избори во 2020 година, факт-чекерот може (да го уреди неговиот твит) и да додаде контекст, како што се информации од тужби во врска со ова прашање или коментари од страна на државен изборен функционер, вели Нина Јанкович.
Луѓе вработени во полицијата да имаат дозвола да ги уредуваат и да ги дополнуваат сомнителните постови на Твитер, „за да им дадат контекст“, ако сметаат дека се лажни или погрешни, предлага Нина Јанкович, директорката на новосоздадениот Одбор за управување со дезинформации на американскиот претседател Џо Бајден, јавува РТ. „Министерката за вистина“, како што многумина ја нарекоа, може да му ги помати плановите на Илон Маск, кој во моментов е под истрага во врска со купувањето на Твитер.
– Потврдените луѓе во суштина ќе можат да почнат да го уредуваат Твитер на ист начин како што Википедија се уредува за да можат да додадат контекст на одредени твитови – рече таа на онлајн-митинг и предизвика бура од реакции.
NEW – Biden’s new “disinformation” czar wants “trustworthy verified people” like her to be able to “add context” to other people’s tweets.pic.twitter.com/V4mLNsB5HV
— Disclose.tv (@disclosetv) May 10, 2022
Под проверени корисници се секако луѓе, факт-чекери за кои Одборот ќе треба да одобри дека се компетентни да ја вршат работата на уредување и дополнување на постовите со релевантни информации.
– На пример, доколку на поранешниот претседател Доналд Трамп не му биде забранет пристапот на Твитер и тој сега објави порака во која се тврди дека имало измама на гласачите на претседателските избори во 2020 година, факт-чекерот може (да го уреди неговиот твит) и да додаде контекст, како што се информации од тужби во врска со ова прашање или коментари од страна на државен изборен функционер. Давањето ваква моќ на проверените корисници ќе обезбеди контекст за луѓето да имаат поцелосна слика наместо само индивидуално тврдење на твит – вели Нина.
Плановите за новиот Управен одбор за дезинформации првпат беа јавно откриени два дена откако милијардерот Илон Маск постигна договор за купување на Твитер. Но, уште повеќе, нова истрага од Федералните регулатори може да го оневозможи Маск да раководи со платформата, пишува Волстрит Џурнал.
Комисијата за хартии од вредност истражува зошто Маск задоцнил со поднесувањето јавен формулар со кој требало да ги извести другите инвеститори дека ќе купи огромен дел од Твитер, односно повеќе од 5 отсто од акциите. Ваквиот формулар служи да ги предупреди инвеститорите дека некој поединец пробува да ја преземе контролата и неговото поднесување е законска обврска во САД.