„АЗИЛАНТОТ“ НОЛЕ ДОБИВА СЕРИЈА НА „НЕТФЛИКС“ Филмската екипа пристигнала во Австралија и го следи секој чекор на тенисерот

Серијата за Ѓоковиќ ќе биде направена по примерот на документарниот филм за Формула 1 – „Вози да преживееш“, чиј извршен продуцент Џејмс Геј Рис ќе работи и на документарниот филм за српскиот тенисер.

813

Непријатната ситуација во којашто се најде најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во изминатите десетина дена во Австралија, ќе биде прикажана во форма на документарен серијал на „Нетфликс“, пренесува Спормејл.

Филмската екипа веќе пристигнала во Австралија и почнала да го снима почетокот на најтурбулентната тениска сезона во последните години, а главниот лик, секако, ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ.






Серијата за Ѓоковиќ ќе биде направена по примерот на документарниот филм за Формула 1 – „Вози да преживееш“, чиј извршен продуцент Џејмс Геј Рис ќе работи и на документарниот филм за српскиот тенисер.

Како што е најавено, тимот ќе ги следи настаните на и околу теренот во текот на сезоната и ќе има пристап до соблекувалните и другите простории кои обично се надвор од дофат на камерите.

Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн минатата недела, но потоа му беше одбиена визата, по што тој помина пет дена во имиграциски хотел. Федералниот суд во понеделникот донесе одлука во корист на Ѓоковиќ, но сега се чека конечната одлука австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук, кој треба да одлучи дали ќе го депортира српскиот тенисер или ќе му дозволи да игра на турнирот „Австралија опен“.

Поврзани содржини