АВТОРОТ ДОБИЛ „БАКШИШ“ ОД РУСИЈА ЗА ДА ЈА РАЗУБАВИ СЛИКАТА Германски издавач повлекува од продажба книги за Путин

Авторот Хуберт Сајпл преку офшор компании поврзани со руски извори, добил најмалку 600.000 евра за Путин во книгите да биде претставен во позитивно светло.

473

Книгите на Хуберт Сајпл за рускиот претседател Владимир Путин се повлечени од продажба, објави германската издавачка куќа „Хофман унд Кампе“ .

Издавачот ваквата одлука ја донел откако медиумите објавија дека наградуваниот новинар, автор на книгата, добил најмалку 600.000 евра преку офшор компании поврзани со руски извори.






Британските медиуми пренесуваат дека издавачката куќа соопштила дека веќе нема да продава две од книгите на Сајпл, додавајќи дека претходно не знаела за наводите за тајно финансирање на авторот.

Според германскиот весник „Шпигел“, Сајпл наводно добил пари од санкциониран руски олигарх за Путин во книгите да биде претставен во позитивно светло.

Германскиот државен радиодифузен сервис НДР, што во 2012 година заедно со Сајпл копродуцираше документарен филм за Путин и ги емитуваше неговите интервјуа со рускиот претседател, соопшти дека размислува да го тужи новинарот.

Наводите што ги пренесоа голем број светски медиуми се темелат на информации за доверливи финансиски податоци од Кипар објавени од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.

Сајпл негираше дека некогаш добил пари од трети страни за филмови или телевизиски интервјуа.

Поврзани содржини