АВСТРИЈА ИМА НОН-ПЕЈПЕР ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН Еве што предвидува тој за нашето соседство
ФАЦ прави разлика меѓу полноправно членство и оваа „втора лига“, која може да се смета за „меѓучекор“ во процесот. Весникот ја цитира и недоамнешната колумна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Политико каде тој пишува за интеграција, но не споменува полноправно членство. Мицотакис меѓу другото претстави план таа интеграција да се заврши до 2033 година, кој „е амбциозен, но можен“.
Земјите од Западен Балкан да бидат веднаш стимулирани со пари, спуштени царини и со слобода на движење на стоки, работници и на капитал, а потоа да бидат во „етапи“ интегрирани во Европската Унија, предлага нон-пејперот кој неофицијално Австрија ќе го предложи на претстојниот самит на 23 јуни во Брисел, а кој му бил презентиран на српскиот претседател Александар Вучиќ од австрискиот министер за надворешни и европски прашања, Александар Шаленберг, на нивната средба во Белград во понеделникот, пишува германски ФАЦ.
Документот од Виена предвидува и покана до земјите од Западен Балкан неформално да се состануваат, а институциите на Унијата да бидат набљудувач. Исто така, еднаш годишно, ќе се одржува самитот ЕУ – Западен Балкан. До цитати од документот, тврдат дека дошле од Албаниан Дејли Њуз.
Слично на идејата за европска геополитичка заедница на францускиот претсецател Емануел Макрон, овој австриски предлог за забрзана интеграција во вид на „втора лига“ веќе кружи во политичките кругови. Откако почна војната во Украина, „проширувањето не е само процедура, туку најмоќниот инструмент“, во повеќе наврати изјави и австрискиот канцелар Карл Нехамер. Доколку се случат назадувања, моделот би вклучувал и принцип на реверзибилност, го пренесува Дојче Веле текстот на Франкфуртер алгемајне аајтунг.
Дека на средбата меѓу Вучиќ и Шаленберг било зборувано за нон-пејперот и за „опиплива интеграција“ потврдува и Кабинетот на претседателот за односи со медиумите, пишува Н1. Србија како централна земја од Западниот Балкан која во моментов е закочена со „меѓусебното признавање“ со Косово во новиот извештај за земјата од Унијата, е главна тема на текстот на ФАЦ, кој инаку носи наслов „Сега уште и Косово“.

Написот ја зема предвид и изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, кој на германскиот Олаф Шолц во Приштина му рече дека до крајот на годината земјата ќе аплицира за членство.
„Имајќи предвид дека Србија и Црна Гора веќе долго преговараат за членство, иако без вистински напредок, тоа во суштина е разбирливо: ЕУ не може да промовира нови кандидати за членство од поранешниот Советски сојуз (како Украина, Молдавија и Грузија), додека членството на Западниот Балкан, каде одамна даде ветување, и понатаму не исполнува. Притоа, станува сѐ појасно дека нема да има напредок сѐ додека инволвираните страни трчаат по полноправно членство како бик по црвен чаршаф“, заклучува весникот.
„Формално тоа не менува ништо. Секој може да се пријави за што сака – самата желба не кажува ништо за шансите тоа да се случи. Кандидатурата не може да го смени ни фактот дека пет земји-членки на ЕУ, од внатрешно-политички причини, не го признаваат Косово. Тоа што Курти во овој момент се решава на ваков чекор, има врска и со специјалните околности од изминатите месеци, и секако со желбата да се натера ЕУ да заземе став. Неговата пресметка: Доколку некој во Брисел сака да ѝ даде предност на една завојувана земја како Украина или на држава од Кавказот пред Косово, со неговото прозападно население, нека го каже тоа отворено“.
Познат е ставот на австриската дипломатија дека зелено светло за Украина може да биде дадено само ако има напредок за Западен Балкан. Прашањето е дали останатите членки би дале согласност за една ваква втора лига на народи и колку брзо тоа би се случило споредено со војната во Украина, која според документот, го дестабилизира и нашето соседство.
Но, ФАЦ прави разлика меѓу полноправно членство и оваа „втора лига“, која може да се смета за „меѓучекор“ во процесот. Весникот ја цитира и недоамнешната колумна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Политико, каде тој пишува за интеграција, но не споменува полноправно членство. Мицотакис меѓу другото претстави план таа интеграција да се заврши до 2033 година, кој „е амбциозен, но можен“.