АВСТРАЛИЈА ЗАБРАНУВА ЈУТЈУБ СМЕТКИ ЗА ДЕЦА ПОД 16 ГОДИНИ Платформите ќе плаќаат околу 28 милиони евра ако не ги исклучат малолетниците
Австралиската влада објави дека видео платформата Јутјуб (YouTube) ќе мора да обезбеди дека сопствениците на сметки на неа имаат најмалку 16 години од декември оваа година, со што се поништува претходната парламентарна одлука која не го бараше тоа.
Австралиската влада објави дека Јутјуб ќе биде меѓу платформите на социјалните медиуми кои од декември ќе мора да обезбедат дека сопствениците на сметки имаат најмалку 16 години, менувајќи го ставот заземен пред неколку месеци во однос на популарната платформа за споделување видеа.
Имено, во ноември минатата година Јутјуб беше наведен како исклучок, кога Парламентот донесе закони кои се први во светот и кои ќе им забранат на австралиските деца помлади од 16 години пристап до платформи, вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, Тик-Ток и Икс.
Законот им забранува на децата под 16 години пристап до тие платформи, како и креирање сметки и објавување содржина.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.