ЃАВОЛОТ ЖИВЕЕ ВО НАШИТЕ ТЕЛЕФОНИ! Моментот кога ќе му го дадете на детето првиот смартфон, ќе му ставите крај на неговото детство
Треба да се запрашаме каков живот сакаме да им дадеме на нашите деца? Дали сме подготвени да играме рулет со нивната благосостојба само за да можат да бидат во чекор со времето така што ќе им купиме паметен телефон порано отколку што е потребно или добро за нив?
Се сеќавате на телефонскиот број на вашата најдобра другарка од детството?
Сигурно се сеќавате на оние моменти кога бирате број, чекате некој да ви одговори, ѝ се претставувате на мајката на својата другарка и ја прашувате дали можете да разговарате со неа.
А потоа – еден час разговор и малку украдена приватност – го влечете извитканиот телефонски кабел до собата на вашите родители, далеку од ушите на љубопитната помлада сестра или брат.
Порано имавме разговори еден на еден. Споделувавме тајни. Раскажувавме за својот ден. Освен тоа – сѐ што се случуваше на училиште – го остававме во училиште.
Домот ни беше безбедно засолниште, место каде никој не можеше да не малтретира и каде немаше „срамни моменти“ од училницата и училишниот двор. Дома едноставно припаѓавме, не требаше да се обидуваме да се вклопиме – барем не како што моравме на училиште.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.