„ЧАЈКА“ ОД СОВЕТСКО ВРЕМЕ Е НОЌНА МОРА ЗА УКРАИНСКИТЕ ДРОНОВИ Русите уште имаат предност во Црното Море
Со оглед на тоа што Москва најверојатно ќе премести голем дел од своите активности на Црното Море во градот Новоросијск, во руската област Краснодар, подалеку од Украина, Русија се обидува да ја искористи поморската воздушна моќ за проектирање сила над северозападното Црно Море, вели британското Министерство за одбрана.
Амфибиско авионче од советското време наречено „Чајка“, во превод галеб, користат Русите против украинските поморски дронови во Црното Море и тоа им дава клучна предност, проценува британското Министерство за одбрана. Се работи за моделот Бе-12 кој бил дизајниран во 1950-тите, односно во раните денови на Студената војна, пишува Њузвик.
„Чајката“ е во потрага по малите бротчиња.
„Со оглед на тоа што Москва најверојатно ќе премести голем дел од своите активности на Црното Море во градот Новоросијск, во руската област Краснодар, подалеку од Украина, „Русија се обидува да ја искористи поморската воздушна моќ за проектирање сила над северозападното Црно Море“, додаде британското Министерство за одбрана.
Поморските дронови „Sea Baby“ станаа познати во јули кога ги нападнаа руските бродови во Севастопол и во Новосиријск во време кога беше нападнат и мостот Керч на Крим.
Во најновиот напад на Севастопол, украинските сили употребија ракети „Сторм Шедоу“ и го оштетија десантниот брод Минск и подморницата Ростов на Дон. Украинските медиуми тогаш напишаа дека нападот предизвикал паника во Москва и дека бил ликвидиран адмиралот на Црноморската флота, Виктор Соколов, нешто што Кремљ го негираше објавувајќи снимка од Соколов следниот ден.
Додека Кремљ ги обвини западните служни за разоткривање на руските позиции, партизанска анти-Путин група во Русија по име АТЕШ ја презеде одговорноста за откривањето на координатите и тврдеше дека официри од руската флота му откажале послушност на Путин.