📷(АУДИО) ЛЕНОН И МЕКАРТНИ ЈУНИОР ПО СТАПКИТЕ НА ТАТКОВЦИТЕ Синовите на култните Битлси објавија заедничка песна
Песната на синовите на Пол Мекартни и Џон Ленон од култниот бренд Битлси, Џејмс Мекартни и Шон Оно Ленон, е меланхолична балада со очигледно влијание на нивните татковци, а насловот „Примроус Хил“ се однесува на истоимената лондонска област.
Синовите на Пол Мекартни и Џон Ленон од култниот бенд Битлси, Џејмс Мекартни и Шон Оно Ленон, заедно ја напишаа песната „Примроус хил“ која беше објавена пред неколку дена и веднаш ги воодушеви многубројните фанови на нивните славни татковци, објави Гардијан.
Џејмс Мекартни во петокот го најави објавувањето на песната.
„Возбуден сум што можам да ја споделам својата нова песна која ја напишав заедно со мојот драг пријател Шон Оно Ленон“, објави тој на Инстаграм споделувајќи заедничка фотографија со синот на Џон Ленон, Шон Оно Ленон.
„Со објавувањето на оваа песна навистина добивате чувство на зачувување на континуитетот“, додаде пејачот.
Песната е меланхолична балада со очигледно влијание на нивните татковци, а насловот се однесува на истоимената лондонска област.
Песната не остана незабележана на социјалните мрежи каде што ја поздравија обожавателите на Битлси.
„Ако ги затворите очите, ги слушате истите гласови, како да пеат Џон Ленон (починал во 1980 година) и Пол Мекартни“, коментира обожавател на Инстаграм.
„Никогаш не мислев дека ќе слушнам нова песна на Ленон и на Мекартни во 2024 година“, објави друг.
Песната ја промовираше и 81-годишниот Пол Мекартни, честитајќи му на својот син на Фејсбук.
„Мојот син Џејмс објави нова песна наречена ‘Примроус хил’. Слушајте го! Многу љубов за Шон Оно Ленон кој беше коавтор на песната“, рече Пол.
Следејќи ги нивните татковци, Џејмс Мекартни (46) и Шон Оно Ленон (48) избраа музички кариери, но тие се далеку од глобалниот успех на Битлси.
Џејмс работел на албумите на неговиот татко.