📽 АСТРОНАУТ НА НАСА И ДВАЈЦА РУСИ ТРГНАА КОН ВСЕЛЕНАТА Се спремаат интересни научни експерименти

Ракетата „Сојуз“ е лансирана во Земјината Орбита, според предвидениот план, од космодромот „Бајконур“ во Казахстан. Се очекува да се прикачи на Меѓународната вселенска станица околу 3 часа по полетувањето.

260

Астронаут на НАСА и двајца руски космонаути денеска успешно полетаа со руско летало до Меѓународната вселенска станица (МВС), објави Роскосмос.

Американскиот космонаут, Џони Ким, како и Русите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки ќе треба да минат околу 8 месеци на МВС. Ким, Рижиков и Зубрицки денеска ќе им се придружат на астронаутите на НАСА – Дон Петит, Ен Меклејн и Никол Ајерс, астронаутот на Јапонската агенција за воздушно истражување, Такуја Ониши, и на руските космонаути Алексеј Овчинин, Иван Вагнер и Кирил Песков, кои од претходно се на Станицата.






Според НАСА, Ким – инаку поручник и поморски пилот на американската морнарица – ќе спроведува научно-истражувачки и технолошки експерименти што ќе помогнат во подготовката на екипажот за идните вселенски мисии.

Ракетата „Сојуз“ е лансирана во Земјината Орбита, според предвидениот план, од космодромот „Бајконур“ во Казахстан. Се очекува да се прикачи на МВС околу 3 часа по полетувањето.

Поврзани содржини
na