ЈАС ГАСТРОНОМ И ГУРМАН, А ДЕЦАТА ВЕГАНИ! Еден од најдобрите српски шефови за своите спрема само веганска, а самиот најмногу ужива во македонската храна

Нашиот соговорник Ѓорѓе Костиќ е еден од најдобрите готвачи од соседна Србија во чии специјалитети уживале и голем број државници и дипломати од светот, но е и голем вљубеник во Македонија и во македонската кујна. Најголемо разочарување за еден ваков гастроном и гурман како него, вели на шега, е кога ќе му се „погодат“ ќерка, зет и внука, вегани!

520

На стартот на годинешното, седмо издание на „Гастромак и пријателите“, помеѓу врвните гастрономски мајстори на добриот вкус, имавме шанса да зборуваме со шеф Ѓорѓе Костиќ.

Овој светски човек и еден од најдобрите српски готвачи, е редовен посетител на Македонија за која, освен „Гастромак“, го врзува и неговата голема љубов кон македонската храна и македонската песна, но и спомените за неговата прва љубов која му се случила токму во Скопје.






Иако со радост се сеќава и го чува споменот на својата прва љубов во Македонија, дури подоцна ја сретнал љубовта на својот живот, неговата сопруга која, за жал, починала многу рано.

Овој меѓународен кулинарски судија, освен што е еден од најдобрите готвачи во Србија, е и човекот чии идеи се дел од изгледот и начинот на работа на огромен број на ресторани и хотели во светот.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини