„ЈАС ЈА ПРАШАВ ДА МИ БИДЕ ДЕВОЈКА, ТАА ПРИФАТИ, А ПОСЛЕ МЕ ИЗНЕВЕРИ СО ПЕТТООДДЕЛЕНЕЦ“ Муабет со основци, за љубовта, за зависноста од телефони, за сѐ и за сешто

И десетогодишниците знаат што е љубов, врска и неверство иако, значењето не им е баш целосно јасно. Но она што загрижува не е тоа туку, како што признаваат и сами, нивната неможност да се отргнат од телефоните и социјалните мрежи и да се забавуваат сами, во живо и без екрани

576

Деновиве имаме гости од соседството, поточно, од Белград. Дванаесетгодишното девојче Мила кое е петто за шесто одделение и десетгодишното момче Иван кое годинава ќе биде четврто одделение. Девојчето е изненадувачки големо за своја возраст, особено со оглед на тоа што долго не сме се виделе. Штом почнете разговор со неа, гледате дека овој впечаток не произлегува само од нејзиниот надворешен изглед, туку и од начинот на кој комуницира и начинот на кој размислува.

И со двајцата, на нивна иницијатива, меѓудругото, зборувавме и за масакрот што го изврши малолетниот Коста во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Иван нѐ праша дали ние во Македонија сме слушнале за ова.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини