АРНО ВИ ТЕКНА! Одлични нови зелени идеи за реупотреба на отпад
Здружението за социјални иновации „АРНО“, осма година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“, а трите најдобри за оваа година ги поврзува една работа – сите го користат отпадот (пелени, картон, зеленчук/отпад од фарми) во процесот на ново производство.
Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“ 2022: во категоријата ембрионски идеи победија идеите „Пели“ на Јана Ангеловска и „Од загадувач до разубавувач“ на Гоце Стевановски, додека во категоријата зелени концепти победничка е идејата „Инсект пилот соба“ на Александар Каравилоски од Ве дог фуд-Прилеп.
Интересно за годинешниот натпревар е што сите идеи во бизнис моделот го имаат принципот на циркуларност, односно го користат отпадот (пелени, картон, зеленчук/отпад од фарми) во процесот на ново производство.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.