АРНО И „ЛАЗАР ТАНЕВ“ ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ СКОПЈАНИ Измислете нов рецепт за ѓеврек и освојте награда

Да, ѓеврекот е одамна измислен, но тоа не значи дека не може да се измисли нов. Неколку основни правила за учесниците во овој натпревар, кој е многу повеќе од обичен кулинарски натпревар, е ѓеврекот да биде направен со локални состојки, да не содржи месо и производи од месо и секако, да го има своето основно обележје – дупчето во средината

277

Денес, на настанот организиран од здружението за социјални иновации АРНО во соработка со средното угостителско училиште „Лазар Танев“ беше објавен повик до скопјани да земат масовно учество на натпреварот кој се спроведува во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“. Натпреварот е отворен до 5-ти декември, а целосниот повик е достапен овде.

Инаку, станува збор за нов проект во рамките на старата иницијатива која АРНО ја започна инспирирана од Џејми Оливер и неговиот ресторан „Fifteen“, но најмногу од локалната храна и во текот на десетгодишното постоење тие заедно направија многу проекти, од продажба на часови по готвење, до застапеност на ученици од училиштето во регионален готвач со рецепти и уште многу други.
Затоа, овој проект објавен токму на 13.ноември, ден на ослободувањето на Скопје и патронат на училиштето, е нов почеток на старата соработка која отвара многу нови задачи и предизвици.






Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини