АПСТИНИРАЛ 6 ГОДИНИ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ДА ДОБИЕ 100.000 ДЕНАРИ Го предизвикала синот и му ја исплатила наградата на 18. роденден

Ако некој ви понуди 100 илјади денари ако се држите настрана од социјалните мрежи шест години, дали би го направиле тоа? Ова момче од Минесота ја прифатило понудата. Дали мислите дека некој македонски тинејџер би го прифатил предизвикот за оваа сума?

495

„Мислев дека тоа е одлична идеја. Се прашував – па што се уште шест години?“ изјавил Сиверт Клефсаас од Минесота за Си-Ен-Ен.

Имено, во 2016. година, Лорна Голдстранд Клефсаас го предизвикала својот тогаш 12-годишен син Сиверт да се држи настрана од социјалните мрежи додека не наполни 18 години. За возврат, доколку го исполни предизвикот, ветила дека ќе му даде 1.800 долари или 100.000 денари на неговиот 18-ти роденден. На 19 февруари 2022 година, Сиверт ја примил својата награда.






Лорна ја нашла инспирацијата за ова во еден радио предизвик наречен 16 за 16, во чии рамки една мајка ѝ дала на својата ќерка 1.600 долари кога таа наполнила 16 години бидејќи ги избегнувала социјалните мрежи. Таа одлучила да го зголеми предизвикот за уште две години и да го зголеми влогот на 1.800 долари.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини