АПСАЈД ДАУН Биполарно растројство: 10 симптоми и како да ги препознаете?

Кога станува збор за ментални болести, постојат многу стереотипи поврзани со нивните симптоми и начини на лекување. Ваквите болести понекогаш е тешко да се објаснат точно, а со тоа и да се препознаат. Ова особено важи за луѓето со симптоми на биполарно растројство.

207

Вкупното здравје на една личност е под влијание на голем број фактори – и внатрешни кои можат да се контролираат и ублажат, и надворешни кои честопати немаме можност да ги предвидиме. Под влијание на непредвидливи животни околности, се зголемува можноста за нарушувања на расположението, од кои едно од најчестите е биполарното растројство.

Биполарното растројство се карактеризира со постојани промени помеѓу екстремно високи (манија) и ниски (депресија) расположенија.






Што е биполарно растројство?
Биполарното растројство најчесто се опишува како неможност за контрола на расположението, па затоа оние кои страдаат од ова растројство флуктуираат помеѓу манично и депресивно однесување. Таквото однесување може да биде многу збунувачко за себе, но и за оние околу нив, објавува Health.com.

„Склони сме да ги припишуваме ваквите симптоми на вознемиреност поради проблеми на работа или замор“, вели д-р Кери Берден, професор на Одделот за психијатрија, психологија и студии за однесување на Универзитетот во Калифорнија.

Биполарното растројство е малку почесто кај жените, а го имаат и децата и тинејџерите.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини