ЈАПОНЦИТЕ „ОБУЧИЛЕ“ РОБОТ ДА ЛУПИ БАНАНА? Нека се јават кога ќе ги „научат“ да лупат компири
Интересно е тоа што Јапонците сега имат робот што може да излупи банана, ама би им симнале капа кога ќе успеат да ги обучат за лупење компири
Роботите во Јапонија во фабриките вршат едноставни задачи или им доставуваат храна на посетителите во ресторани, но научниците претставиле робот кој е способен да изврши деликатна задача, односно да излупи банана без да ја оштети внатрешноста на овошјето, пишува „Ројтерс”.
Иако роботот со две раце е успешен во само 57 проценти од слуачите, лупењето на банана укажува на иднината во која машините ќе вршат посуптилни операции од поместување на метални делови или испорака на кафе.
Видеото на научниците од универзитетот во Токио на кое се покажува како роботот ја фаќа и ја лупи бананата со двете раце за околу три минути, погледнете го на порталот „Арт кујна“.