ЈАПОНЦИТЕ НАПРАВИЈА ЛЕТЕЧКИ МОТОР Шиба со 100 км/час, но уште не смее на улица (ВИДЕО)
Лета и до 40 минуити на едно полнење, а чини пола милион евра. Таков е новиот хавербајк на A.L.I. Technologies.
Опремен со еден конвенционален мотор и уште четири мотори на батерии, може да лета и до 40 минути со брзина до 100 километри на час, а чини пола милион евра: таков е новиот јапонски хавербајк, летечки мотор кој е хибрид меѓу дрон и мотоцикл, пишува 24сата.
Погледнете го тест-возењето кое сопственикот го направи на патека под планината Фиџи:
Единствениот проблем е што во Јапонија, со ховербајкот на A.L.I. Technologies, уште е забрането да се лета над преполни патишта.