АНТИБИОТИК ЗА СИРОМАШНИ Мајчината душица во минатото се користела против чума и за парфеми

Мајчината душица делува против разни бактерии, вируси и габи, ја поттикнува циркулацијата на крвта во кожата и лечи депресија и алкохолизам. Од неа се подготвува чај, сируп, тинктура, масло, ракија…

348

Старите Египќани ја користеле мајчината душица како состојка во мешавините за балсамирање и за

правење парфеми и лосиони, а за Грците таа била многу важен зачин што се користел за зачинување на






сирења, чадено месо или пијалаци.

Грчкиот фармаколог и ботаничар Дискоридес дури ги започнал своите записи за лековитите

растенија со реченицата „Сите ја знаат мајчина душица“ (англ. Everyone knows thyme), што зборува

за нејзината употреба за лекување на разни болести во тој период, но и пред тоа.

За употребата на мајчина душица во лекувањето пишувал и Плиниј, од чии записи е видливо дека

ова растение се користело како состојка во теријакот, лек за сите болести кој се подготвувал со

околку 60-70 состојки од различни лековити билки кои се мешаат со мед. Теријак се подготвувал во

форма на каша и се користел за лекување во стариот и средниот век.

 

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини