📽 АНТИЌ МУ ПОДАРИ СПЕЦИЈАЛНИ ПАТИКИ НА ВУЧИЌ Двајцата се горди на успехот на српските кошаркари
„Со српската и македонска кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики 'Србија 1'. И двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
Поранешниот македонски кошаркар и актуелен претседател на КФМ, Перо Антиќ, денеска се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ и му подари патики.
За подарокот Вучиќ ја информираше јавноста преку видео објавено на социјалната мрежа Инстаграм.
„Со српската и македонска кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики ‘Србија 1’. И двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
Претседателот на Србија допатува во Скопје за да учествува на самитот на процесот Брдо-Бриони, а домаќин е претседателот Стево Пендаровски.
Во проодлжение погледнете го видеото:
View this post on Instagram