АНАЛИЗА НА КРВТА ОТКРИВА СЕРИОЗНИ ИНФЕКЦИИ КАЈ ДЕЦАТА ЗА 15 МИНУТИ Нов тест би можел значително да го забрза дијагностицирањето на болести како сепса или менингитис
Нов брз тест на крвта би можел да им помогне на лекарите да откријат сериозни инфекции кај децата за само 15 минути – буквално спасувајќи животи.
Во Англија моментално се тестира нов брз тест на крвта кој би можел да им помогне на лекарите да идентификуваат сериозни инфекции кај децата за само 15 минути.
Тестот би можел значително да го забрза дијагностицирањето на болести како што се сепса или менингитис, покажувајќи дали инфекцијата е бактериска или вирусна – што е клучно за одлучување дали на детето треба веднаш да му се дадат антибиотици.
За разлика од стандардните тестови на крвта кои се анализираат во лабораторија и потребни се часови за да се добијат резултатите, овој тест дава речиси моментален преглед на состојбата на детето. Лекарите вклучени во испитувањето велат дека веќе ги гледаат придобивките: едно дете со менингококен менингитис добило лекување многу порано, а друго со сепса добило антибиотици веднаш.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.